Хумелс откри зошто играше со распарталени копачки на големото дерби со Борусија (Фото)

humels-dortmund

Баерн Минхен сосема заслужено и уверливо го доби „Дер Класикер“ дербито со Борусија Дортмунд кое се одигра на „Сигнал Идуна Парк“, пресметка која покрај четирите постигнати гола (1:3), на германските медиуми им привлече посебно внимание и поради два детали поврзани со копачките на Матс Хумелс.

Стоперот на Баерн играше со распарталени копачки на овој меч на кои беше очигледно дека самостојно има направени две поголеми дупки, а сосема очекувано, од германските новинари доби прашање на оваа тема и мораше да објасни што се крие зад ваквиот негов потег.

– Го направив тоа бидејќи имам болка во прстите и на тој начин се обидов да го намалам притисокот врз нив. Можеби мојот потег ќе биде добра инспирација за креирање на нови копачки во иднина, – шеговито порачал Хумелс пред новинарите.

humels-dupki

Facebook Коментари