Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Хумелс: Не ми се верува какви одлуки се носат против нас…(ВИДЕО)

Објавено

на

Борусија Дортмунд не успеа да го сочува водството на гостувањето во Ајндховен, односно мораше да се задоволи со реми од 1-1 во првата пресметка со ПСВ во рамките на осминафиналето на Лигата на шампионите.

Домаќините својот гол го постигнаа од белата точка, пенал за кој имаше многу реакции од „милионерите“ особено од играчот кој беше директно инволвирна во таа ситуација, Матс Хумелс кој по натпреварот гласно и директно посочи кој е разочаран од одлуката на судијата Јовановиќ и неговите колеги кои беа во ВАР собата.

-Твитер чекаше на ова, Твитер ќе го добие. Каква шега од пенал против нас. Повторно! Не ми се верува дека може да има вакви одлуки како денеска и против Челси или ПСЖ во време на ВАР, -порача стоперот на социјалните мрежи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни