Италија
Хумелс: Ја следев Рома поради двајца играчи
Матс Хумелс го комплетираше трансферот во Рома и стави крај на својата летна сага, од едноставна причина што германскиот стопер се поврза со најмалку 10 клуба во изминативе три месеци.
Откако не го продолжи договорот со Борусија Дортмунд и стана слободен агент, Хумелс се поврзуваше со неколку клуба од Шпанија, Англија и Италија, но како идеална дестинација тој ја избра Рома, клуб за кој потпиша откако истече летниот преоден рок.
Оваа операција беше возможна поради фактот што Матс е слободен агент, а бидејќи во последно време не можеше да биде конкурентен на зелениот терен, самиот вели дека ќе му бидат потребни две или три недели за да влезе во натпреварувачки ритам.
– Ова е голем трансфер за мене, едвај чекам да заиграм за овој тим пред навивачите на „Олимпико“. Додека растев ја гледав Рома, особено Франческо Тоти и мојот тренер Де Роси. Играв против Де Роси додека бев помлад и сега сум навистина среќен што ќе соработувам со него. После тоа што го доживеав на крајот во Борусија, потребно ми беше време за да се рестартирам. Ми беше потребно време да се вратам на посакуваниот пат.
– Сега максимално сум возбуден за предизвиците во Серија А и постои голема љубопитност. Ги познавам тимовите од Италија, играв против дел во Лигата на шампионите, но сега ќе играм секој викенд. Се наоѓам во добра форма, тренирав напорно цело лето, но тоа е поразлично од играње на професионално ниво. Тешко е да се каже кога ќе бидат 100 посто подготвен, никогаш не сум бил во ваква ситуација досега. Се чувствувам како да сум се вратил од летен одмор, ќе ми бидат потребни неколку седмици. За да бидам во најдобра форма, најверојатно ќе ми требаат две или три недели. Ветувам многу работа и ќе се ставам на располагање најбрзо што можам, – изјави Хумелс.
-
Италијапред 22 часа
Сари за клубот што сака да го води: Имам луд сон…
-
Светпред 23 часа
Симиќ меѓу најефикасните за Прат во Купот на Шпанија
-
Лига на шампионипред 21 час
Ангеловски: Покажавме карактер и квалитет, горд сум на мојата екипа!
-
Балканпред 21 час
Мурињо за бомбастичното засилување на Галатасарај: Имам само еден проблем со него
-
АТПпред 21 час
Надал за Синер: Чистата совест му помогна да победи во Њујорк
-
Лига на шампионипред 20 часа
„Проектил“ кој не се брани: Кузмановски ја „скина“ мрежата од голот на Паличка (ВИДЕО)
-
АТПпред 11 часа
Тениски срам: Пред неколку години беше во топ 20, сега загуби меч за 37 минути во сомнителни услови (Видео)
-
Светпред 17 часа
Србите го бараат наследникот на Пешиќ, две имиња се во игра