Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Хумелс: Горд сум на овој тим, ни недостасуваше само една работа

Објавено

на

foto: x.com/BVB

Борусија Дортмунд иако се бореше и му направи многу проблеми на Реал Мадрид не успеа да дојде до пехарот во финалето на Лигата на шампионите.

Германскиот претставник имаше доволно шанси во првиот дел најмалку барем еднаш да го матира Куртоа, но откако тоа не го направи работите се променија во вториот дел во кој „кралевите“ беа на повисоко ниво, беа посигурно дефанзивно, а во исто време далеку подобри офанзивни и дадоа два гола преку Карвахал и Винисиус Жуниор за славје од 2-0 и 15 пехар во елитното натпреварување.

-Имавме одличен натпревар. Јас сум супер горд на тимот за тоа како овде се претставивме. Игравме храбро, со срце и игравме квалитетен фудбал. Само ни недостасуваше да постигнеме гол. Реал Мадрид потоа удри како што многупати досега го има направено, -порача дефанзивецот Матс Хумелс за кого ова можеби беше последниот меч во дресот на „милионерите“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни