Поврзете се со нас

Германија

Хумелс ги стави Санчо и Халанд во втор план: Никогаш не сум видел ваков играч на 18 години

Објавено

на

Борусија Дортмунд во изминатите неколку години се претвори во фудбалска ризница во која се чуваат и негуваат големи фудбалски таленти кои сиот свој раскош го прикажуваат на „Сигнал Идуна парк“, а по Џејдон Санчо и Ерлинг Халанд, се поголемо внимание во новата сезона добива Џуд Белингем

„Милионерите“ се согласија да го продадат Санчо на Манчестер Јунајтед и многумина сметаа дека немаат за што да жалат, бидејќи до израз се почесто доаѓа другиот Англичанец кој приситгна како голем талент во Дортмунд.

Белингем изминатата недела го надмина Килијан Мбапе и стана најмладиот играч кој постигнал голови на два натпревари во низа во Лигата на шампионите, а со оглед на квалитетот кој го покажува во своите тинејџерски денови, Матс Хумелс ги бира зборовите кога зборува за Џуд.

– Многу млади играчи минаа низ Борусија во изминатите десетина години, но никогаш не сум видел вакво нешто, – вели искусниот Хумелс во интервјуто за „ДАЗН“.

– Тој е најзрелиот тинејџер што сум го видел. Не сум видел позрел играч од него на 18 години. Џуд веќе е лидер на теренот и еден од најгласните во тимот и соблекувалната. Фантастично дете, мислам дека повеќе од 25 пати му реков дека го сакам, – открива Матс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни