Македонија
Хуманоста и солидарноста во прв план: Дино Баскет од Кочани ќе го доигра првенството во Скопје и Струмица

Кошаркарскиот третолигаш Дино Баскет од Кочани ќе ги одигра последните два натпревари од првенството, а на истите домаќини ќе бидат противничките екипи и ќе имаат хуманитарен карактер.
Големата трагедија во Кочани донесе тешки моменти за цела држава, а екипата на Дино Баскет загуби еден млад и талентиран кошаркар, додека уште еден играч и член на стручниот штаб се борат за своите животи.
Екипите на Шкупи и Струмица Ролинг ќе бидат домаќини на кочанскиот ривал во салите каде настапуваат, при што ќе ја изразат својата поддршка и солидарност кон екипата на Дино Баскет, чии членови поминуваат низ навистина тежок период.
Шкупи ќе биде домаќин во СРЦ „Кале“ на натпревар каде нема да се наплаќа билет, додека Струмица во салата „Парк“ ќе наплаќа билет по цена од 100 денари, а собраните пари ќе бидат донирани за погодените семејства од трагичниот настан.
На влезовите во спортските сали каде ќе се одиграат двата натпревари ќе бидат поставени кутии за донации во кои секој којшто ќе влезе во салата ќе може да донира, колку сака и колку може, за оние на кои сега им е најпотребно.
Натпреварот помеѓу екипите на Шкупи и Баскет Дино е закажан за в четврток (27. март, 2025 година) со почеток во 19:00 часот. Натпреварот меѓу Струмица Ролинг и Баскет Дино е закажан за в сабота (29. март, 2025 година) со почеток во 18:30 часот.
-
Италија24 часа
Лацио одбива да игра во среда, Лотито бара итна реакција на федерацијата
-
НБА23 часа
Генералниот менаџер на Далас: Не знаев дека Дончиќ им значи толку многу на фановите
-
НБА10 часа
Јокиќ се кае за одлуката во последниот напад на Денвер (ВИДЕО)
-
НБА13 часа
Моќно издание на Ленард, Клиперс го освои Денвер (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони11 часа
Фиго има фаворит за титулата во ЛШ: Тие имаат…
-
Шпанија14 часа
Не е се идилично: Еден играч на Барса не сака да го слуша ниту тимскиот говор на Ханси Флик (Видео)
-
Англија8 часа
Харгривс има трансфер предлог за Арсенал како замена за Парти
-
Германија12 часа
Леверкузен се подготува за заминување на Алонсо: Имаме џентлменски договор со него…