Поврзете се со нас

Формула 1

Хулкенберг ќе добие нова шанса, Перез никако да го победи коронавирусот

Објавено

на

blank

Од таборот на Рејсинг Поинт потврдија дека Нико Хулкенберг ќе ја вози и втората трка за Големата Награда на Велика Британија која викендов ќе се вози на Силверстоун.

Причината за тоа е што Серхио Чеко Перез се уште е позитивен на коронавирусот иако во моментов не чувствува никакви симптоми.

Перез повторно заминува во самоизолација, а на патеката ќе го замени Хулкенберг кој во првиот свој овосезонски настап не ја заврши трката.

Од Рејсинг Поинт уверуваат дека во овој момент Чеко Перез е психички доста силен и со нетрпение очекува да се врати на патеката.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни