Хулк се ожени со атрактивната внука на својата довчерашна сопруга (Фото)

hulk-guci

Бразилецот Хулк во јули минатата година се разведе од сопругата со која има дури три деца, а тоа што изгледаше како шпанска серија во текот на летото, сега стана реалност.

Дел од медиумите пренесоа дека Хулк е во љубовна врска со внуката на сопругата со која се раздели, атрактивната Иран Анхело де Соуза која сега верувале или не, стана сопруга на бразилскиот напаѓач кој игра за Шангај. Двојката ја официјализираше својата врска покажувајќи ги венчалните прстени, па оваа неверојатна љубовна драма му го додели на Хулк епитетот на голем неверник во стилот на Мауро Икарди.

hulk-guci1

Facebook Коментари