Хулигани нападнале млади српски ватерполисти во Загреб

hulgani

Дваесетина маскирани лица нападнале членови на кадетскиот ватерполо тим на Партизан среде Загреб, јавија денеска српските медиуми.

Хулиганскиот напад се случил откако момчињата го напуштиле ресторанот каде вечерале, при што биле нападнати од голема група која користела и метални предмети.

– Нашите деца нормално јаделе во „Мекдоналдс“ и немало никакви провокации. Штом го напуштиле ресторанот, биле нападнати со шипки, очигледно е дека нападот бил организиран затоа што знаеле дека се српски ватерполисти, – изјавил претставник на Партизан кој секако потврди дека неговиот клуб се повлекува од турнирот.

Според лекарскиот билтен, едно од момчињата заработило скршеница на прст, додека останатите имаат модринки од ударите.

Facebook Коментари