Англија
Хујсен го издвои најтешкиот противник во кариерата: Секогаш е присутен…

Дин Хујсен е еден од младите играчи кој полека блеска на големата сцена, па откако собра искуство во Јувентус и Рома од оваа сезона е дел од премиерлигашот Борнмут каде игра навистина на високо ниво, партии со кои го привлече вниманието на големи клубови и нема да биде изненадување ако ова лето го видиме во друга средина.
Дефанзивецот наредниот месец ќе го прослави 20 роденден што говори дека е играч со огромен потенцијал, талент, а дека кариерата се движи во добар правец говори и фактот дека веќе дебитираше и за А репрзентацијата на Шпанија и тоа против Холандија во Лигата на нации.
Момчето кое е родено во Амстердам допрва ќе треба да покаже и извлече најдоброто од себе, но иако е доста млад се има соочено со доста предизвици и веќе има играч кој за него е најтежок противник во досегашната кариера.
-Мислам дека Салах има способност да создава работи, но има и способност да биде на вистинското место цело време за да добие асистенција, да постигне гол. Дури и против нас постигна два гола, и тоа од никаде. Имаше дриблинг и погоди во горниот агол. Плус пенал, секако и пенал треба да го реализираш. Ама вториот гол, дриблинг и реализација во горниот агол, изглеаше едноставно толку лесно. Дури и да нема добар натпревар за око, сепак ќе учествува. Секогаш е присутен, -порача стоперот за кого има интерес од Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид…
-
Англија15 часа
Тренерот на Кристал Палас откри дека посебно таргетирале еден играч на Арсенал
-
Македонија4 часа
Украинецот во елемент во клучен момент: Мајсторијата на Горига за победа на Вардар во Битола (ВИДЕО)
-
Шпанија17 часа
Анчелоти беснееше по играч на Реал, па веднаш го извади од игра: Ова не е театар! (Видео)
-
Шпанија11 часа
Тежок удар пред „Ел Класико“: Реал соопшти најлоша вест за Камавинга (Фото)
-
Германија14 часа
Баерн се откажува од талентираниот Шпанец за кој се крена голема врева пред 18 месеци
-
Италија16 часа
Инѕаги: Мора да му честитаме на Милан за тоа што ни го направи оваа сезона
-
Италија12 часа
Инѕаги беснееше по четвртиот судија и му забрани да покаже петминутно продолжение (Видео)
-
Македонија4 часа
Одличниот Вардар го урна Пелистер во Битола и сега е во пол-позиција за титулата