Хрватското „око соколово“ Беусан: Питана го насочи резултатот во корист на Франција

sudii-finale

Финалето не помина онака како што би посакал судијата Нестор Питана, бидејќи Аргентинецот имаше неколку одлуки кои влијаеа врз резултатот.

Првата беше (не)постоечкиот прекршок над Гризман, слободен удар од кој Французите поведоа, а потоа досуди и пенал за „триколорите“ со помош на ВАР технологијата.

Поранешниот хрватски судија Матео Беусан кој долги години ги коментира судиските одлуки за „ХРТ“ во својата анализа по финалето не даде највисока оценка за Питана, потенцирајќи го моментот кој влијаеше на целиот тек на натпреварот.

– Немаше прекршок над Гризман, тоа е судено на репутација и имиџ на фудбалерот. Убаво се гледа дека веќе е во пад и речиси е на земја кога доаѓа контактот. Погба можеби е во офсајд, но за тоа не може да се суди без подетална анализа, – вели Беусан и се префрлува на пеналот.

– Без емоции, мора да бидеме искрени. Перишиќ играше со рака и јасно е дека е пенал. Питана не можеше да го види тој момент, затоа и ја гледаше снимката неколку минути, донесе правилна одлука, – истакна Беусан кој со ова финале дефинитивно се повлекува од улогата на „око соколово“ во емисиите на „ХРТ“.

Facebook Коментари