Поврзете се со нас

Репрезентација

Хрватските медиуми најавуваат: Далиќ против Македонија ќе испроба стартни 11 кои никогаш не играле заедно (Фото)

Објавено

на

Хрватска и Македонија денеска ќе одиграат пријателски меч во Ријека со почеток од 19:00 часот, а последните најави кои пристигнуваат домаќинот на оваа контролка се директно поврзани за стартната постава на Златко Далиќ.

Искусниот стручњак рано ги повика своите фудбалери и ги почна подготовките за Европското првенство, па токму Македонија ќе биде првиот тест и загревање за она што следи.

Далиќ денеска нема да го има на располагање капитенот Лука Модриќ кој во саботата по шести пат ја освои титулата во Лига на шампиони, но како што јавуваат хрватските медиуми, негов план е да излезе со експериментална 11-ка која никогаш не играла заедно.

Според она што го работел на последните два тренинзи, угледниот „Индекс“ откри како ќе изгледа веројатната постава на Далиќ против Македонија, која ќе биде распоредена во формација 4-2-3-1.

Ливаковиќ, Соса, Јурановиќ, Ерлиќ, Вида, Мајер, Ковачиќ, Перишиќ, Крамариќ, Батурија и Петковиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни