Светски првенства
Хрватскиот селектор го одработи најбизарното интервју во историјата, легендите распалија: Мора да си оди! (Видео)

Хрватска оствари победа над Бахреин од 43:32 и со триумф стави крај на своето патување на Светското првенство, но цела јавност во оваа земја зборува за неверојатното и бизарно интервју кое го одработи селекторот по крајот на мечот.
Хрвоје Хорват доби доста критиките за поставеноста на тимот и одлуките кои ги носеше пред мундијалот и за време на истиот, но сега ги разбесни и најголемите ракометни легенди со тоа што го направил по последниот меч.
Хорват испраќал срца на почетокот од разговорот и одбил да одговори на едно прашање на новинарката, односно на она поврзано за неговата иднина во репрезентацијата.
Најбизрано од се е што селекторот само ја отворал устата и буквално направил циркус без да изусти еден збор, односно се погрижил за чист пример на „слика има – тон нема“.
– Ова е вистински срам, никогаш не сум видел вакво нешто. Можеме да зборуваме за играчите, за натпреварите, но ова е непочитување. Надвор Хорват, време е. Ние така велиме во Сплит. Оди си, ти и оние кои те донесоа за селектор. Вакво однесување е недозволиво, – изјавил легендарниот Петар Метличиќ.
– Јас сум прв за шеги, но ова не ми се допаѓа. Ова беше бизарно и вооптшо не беше пријатно за гледање. Постои начин како треба да се однесувате. И јас знам да претерам, но ова е неприфатливо од еден селектор, – се надоврзал Горан Шпрем.
– Новинарката не заслужи вакво однесување, останавме шокирани. Очигледно има добра поддршка од Федерацијата штом си дозволува вака да се однесува, – завршил третиот олимписки шампион, Драго Вуковиќ.
-
Англијапред 18 часа
Мудрик ужасен во вториот натпревар за Челси, публиката го поздрави со свирежи
-
Англијапред 19 часа
Мејсон Гринвуд ги „раскарал“ челниците на Манчестер Јунајтед: Судбината на фудбалерот неизвесна
-
Светпред 22 часа
Роналдо беснееше по промашените зицери, па конечно погоди од пенал (Видео)
-
Англијапред 22 часа
Потер пресече за трите нови играчи на списокот за ЛШ, најголем губитник е искусен напаѓач
-
Англијапред 21 час
Гвардиола ја објасни разделбата со Кансело
-
Италијапред 23 часа
Мурињо го вклучил Ѕаниоло на списокот за ЛЕ, фудбалерот извадил „оправдание“ и не тренира
-
Англијапред 18 часа
Артета откри дека долго го следел Жоржињо и посочи што тој ќе донесе во клубот
-
Шпанијапред 6 часа
ФИФА не го одобри трансферот на Барселона кој се случи во последен час