Поврзете се со нас

Свет

Хрватскиот репрезентативец преживува голгота во Букурешт: Ме оставија на улица бидејќи им најавив трансфер во Вардар

Објавено

на

Професионалниот ракомет знае да биде навистина суров во моменти на финансиска криза и играчите во најголем дел од случаите се први жртви, па кога веќе се отвора оваа тема, во изминативе 24 часа големо внимание предизвика приказната на повремениот хрватски репрезентативец кој има постигнато договор со македонскиот првак Вардар.

Анте Кудуз ќе биде член на најдобриот македонски колектив започнувајќи од ова лето, но пред да пристигне во нашата престолнина, Хрватот се соочува со вистинска голгота во Динамо Букурешт, бидејќи во последните три дена е без неговото постојано живеалиште во романската метропола.

– На улица сум веќе трет ден, со мојата спортска торба и неколку лични работи од последното патување кое го имав со клубот. Се вративме пред три дена од Клуж, тоа беше околу четири наутро и кога дојдов пред станот, ме пречеаа чувари во комплексот во кој живеам. Ми порачаа дека не можам да влезам во станот, дека газдите ја промениле бравата. Побарав само да си ги земам работите, но не ми дозволија.

– Замислете како се чувствував во тој момент, ги побарав луѓето од клубот и рекоа дека ќе реагираат. Немам ништо за преживување, се ми остана во станот. За жал, ова не ми се случува првпат. Летоска чекав еден месец да се средат овие работи, а потоа се случи уште еднаш, иако побрзо се решија работите. Ова е трет пат и не можам веќе да толерирам.

– Клубот според договорот е обврзан да го плаќа станот, јас не направив ништо погрешно. Можеби постои само една причина за ваквиот однос на клубот, тоа е известувањето дека ќе заминам во Вардар по крајот на сезоната. Ова е вистински ужас, тешко е да останете на улица. Преспивам кај соиграчи и пријатели, но бидејќи повеќето имаат семејства, не е баш пријатно. Во овој момент сум кај пријател од Србија, кој инаку е одбојкар. Немам ниту долна облека, заробен сум во Букурешт и чекам разврска на ситуацијата, – открива разочараниот Анте Кудуз.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни