Балкан
Хрватскиот јунак од СП во Катар со најоригинална објава за Адеми: Ако видиш дека не ги разбираш Кинезите….. (Фото)

Натпреварот меѓу Динамо и Ријека донесе многу емоции и незаборавни моменти на „Максимир“, бидејќи Аријан Адеми го одигра последниот меч како капитен на „модрите“ пред најавената преселба во Кина.
Човекот кој беше симбол за Динамо цели 13 години реши да стави крај на својата авантура во Хрватска и да се одлучи за чекор кој финансиски ќе го обезбеди неговото семејство, а за каква величина станува збор најдобро говорат транспарентите од навивачите на Динамо, но и пораките кои ги добива од соиграчите на социјалните мрежи.
Доста големо внимание привлече пораката која ја испрати шпанскиот репрезентативец Дани Олмо кој сега е голема фудбалска ѕвезда, но сепак најоригиналната објава ја имаше херојот на Хрватска од Светското првенство во Катар, голманот Доминик Ливаковиќ.
– Капитену, оставаме тежок меч зад нас. Емоциите се многу силни, но кога ќе ја видиме кореографијата на навивачите, уште еднаш гледаме колку значеше за соиграчите и навивачите. Заедно ја делевме соблекувалната и направивме историски резултати. Беше наш лидер и биди горд и исполнет на себе после се, ти си најголем, ти си ДИНАМО.
– Брате, ако видиш дека не ги разбираш како зборуваат, врати се назад! Знаеш дека вратата на клубот никогаш нема да ти биде затворена. Среќо пријателу и ти благодарам за се! Секогаш ќе имаш посебно место во срцата на сите навивачи и во моето срце, во срцето на твојот најголем навивач, – порача Ливаковиќ.
-
АТПпред 23 часа
Ѓоковиќ откри што му кажал на Алкарас: Видов дека се мачи…
-
Светпред 21 час
Руни: Нема да му биде лесно на Меси во МЛС лигата, нема да дојде и…
-
АТПпред 11 часа
Алкарас откри што било главна причина за неговите проблеми: Кој го вели спротивното за Ѓоковиќ, тој лаже!
-
Шпанијапред 22 часа
Димитриевски е на листата на потенцијални засилувања за Реал
-
Англијапред 24 часа
Нема да може да се расфрла со пари: Њукасл има ограничени финансиски средства за летниот преоден рок
-
Лига на шампионипред 20 часа
Де Брујне пред финалето со Интер: Секогаш е истата приказна…
-
Лига на шампионипред 22 часа
Халанд: Финалето ќе биде посебно, имаме мисија која…
-
Лига на шампионипред 10 часа
Гвардиола ги издвои двајцата играчи на Интер кои посебно го импресионирале: Имам план за финалето