Балкан
Хрватски третолигаш реализираше уште еден милионски трансфер
Фудбалскиот клуб Кустошија игра во третата хрватска лига и веројатно никој во Европа не би знаел за него, ако изминатиов период не реализираше неколку невообичаени трансфери.
Загрепскиот нисколигаш сега потврдил дека го продал талентираниот Фаје Кулибали во МЛС клубот Шарлот за сума од 2 милиони долари, бонуси и плус 20 проценти од неговиот иден трансфер.
За африканскиот дефанзивен играч за врска беа заинтересирани и неколку европски гиганти, но очигледно најконкретен бил Шарлот кој добива 18-годишен играч со голем потенцијал.
Кустошија го привлече вниманието на европската јавност откако го продаде Микаел Фаје во Барселона за 1,5 милиони евра, а истиот фудбалер подоцна замина во Рен за сума од 10 милиони евра, при што процент од трансферот доби и хрватскиот нисколигаш.
Продадени се и двајца млади фудбалери во редовите на РБ Лајпциг, од кои Дин Клапија го чинеше бундеслигашот 3 милиони евра, а ваквите потези не се толку изненадувачки ако се знае дека клубот е менаџиран од познатиот фудбалски агент Енди Бара.
Хрватот и неговите партнери имаат многу престижни клиенти во својата агенција, а последниот голем трансфер беше тој на Дани Олмо од РБ Лајпциг во Барселона.
-
Светски првенства16 часа
Пешевски ветува: Ова е само почеток, ќе гледате уште поборбена Македонија!
-
Шпанија22 часа
Анчелоти го крена гласот: Сигурно не сум најглупавиот во светот…..
-
Шпанија16 часа
Јамал правеше чуда, Барселона испука „петарда“ и во мрежата на Бетис (Видео)
-
Светски првенства17 часа
Лазаров: Неискуството не остави без победа, но јас сум горд на играчите!
-
Шпанија21 час
Ракитиќ со искрена желба и совет до Реал Мадрид: Се надевам дека оваа порака ќе ја слушне Перез!
-
Германија22 часа
„Отпишаниот“ Кариус ќе ја спасува кариерата во престижен германски клуб (Фото)
-
Англија21 час
Клоп откри какво шоу ќе приреди доколку Премиер лигата му ги одземе титулите на Сити (Видео)
-
Свет22 часа
Барди доби специјална плакета од Трабзонспор, два шпански прволигаши веќе го контактирале Македонецот