Поврзете се со нас

Светски првенства

Хрватска зависи само од себе: Аргентинците паднаа пред Катар!

Објавено

на

Селекцијата на Аргентина нема да игра во четвртфиналето на Светското првенство иако имаше отворена шанса тоа да го направи со позитивен резултат во пресметката со Катар.

„Гаучосите“ водеа со седум гола разлика во првото полувреме, имаа четири позитива на средина на вториот дел, меѓутоа потоа застанаа, потонаа, му дозволија на противникот да направи целосен пресврт за конечни на крајот 26-25.

Со ова Катар дојде до позицијата два во групата два што значи ќе обезбедат четвртфинале ако Хрватска не успее да ја победи Данска. Во случај пак Хрватите да ги добијат скандинавците во средбата од 20:30 часот, тогаш момците на Лино Червар одат во нокаут фазата на мундијалот.

На другата средба Шпанија ја доби Унгарија со 36-28, а тоа значи дека „црвената фурија“ за пласман во полуфиналето ќе разигрува со Норвешка, додека Унгарците ќе излезат на мегдан против Франција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни