Поврзете се со нас

Светски првенства

Хрватска се врати од работ на бездната и обезбеди полуфинале со гол во последната секунда!

Објавено

на

Хрватска е прв полуфиналист на Светското ракометно првенство на кое е еден од кодомаќините, а до таков успех стигна после неверојатен пресврт и луда драма на натпреварот кој се одигра во Загреб (31:30).

Унгарија се покажа како цврст орев и исклучително тежок ривал за еден од организаторите на турнирот, па иако се чинеше дека тимот на Чема Родригез е пред победа, на крајот неговите избраници успеаја да фрлат во вода се она што трпеливо го градеа цели 55 минути.

Унгарците водеа со четири плус на шест и пет минути пред крајот, но потоа во 300 секунди имаа целосно помрачување, кое беше предизвикано и од резервниот голман на Хрватите.

Пешиќ со три одбрани во низа ги натера своите соиграчи да го вратат натпреварот во целосен егал, па така во последната минута се влезе со резултат 30:30.

Унгарија имаше повеќе време да организира напад за победа, но Хрватите успеаја да се одбранат, а потоа со брза контра режираа акција за гол и успеаја да предизвикаат ерупција во загрепска „Арена“.

Шипиќ доби извонредно додавање од Срна и стави печат на победата која ќе остане во сеќавање кај сите хрватските фанови, кои сега ќе бидат во исчекување на натпреварот кој го играат Франција и Египет, селекциите со кои вкрстуваат во полуфиналето.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни