Хрватска пресилна за Србија, Франција драматично до прва победа на ЕП

Hrvatska-Cupic

Хрватска славеше убедливо во балканското дерби против Србија (32:22) на денеска започнатото ракометно Европско првенство, додека Франција на драматичен начин и ја „украде“ победата на Норвешка (32:31) во реприза од финалето на последното Светско првенство.

Србија парираше до 10:9 и завршницата на првиот дел кога избраниците на Лино Червар направија серија за 14:9 на полувреме, а во продолжение Хрватите не дозволија поголема неизвесност, па на крајот стигнаа и до убедлива победа од 32:22.
Степанчиќ и Штрлек со по 6 голови беа најефикасни кај домаќините на ЕП, додека во редовите на Србија, Ненадиќ реализираше 6 погодоци.

На натпреварот во Пореч, Норвешка цел натпревар водеше против Франција, но на крајот фаворитот победи со 32:31. Норвежаните на полувреме водеа со 17:15, Французите првпат израмнија во 52, а првпат поведоа дури во претпоследната минута со 31:30 преку Абало, за со по еден гол на Бјорнсен и Гигу да бидат поставени конечните 32:31 во корист на Франција.

Мае со 8 и Гигу со 5 голови беа најефикасни кај Франција, додека на спротивната страна Тонесен постигна 7 погодоци.

Facebook Коментари