Хрватска може да смета на Дувњак само ако се најде во самата завршница на ЕП

duvnjak1

Хрватите долго ги чекаа резултатите од магнетната резонанца направени по вчерашната повреда на Домагој Дувњак, а на крајот е потврдена непосакуваната дијагноза за домаќините на Европското ракометно првенство.

Повредата на листот на десната нога е сериозна и Дувњак сигурно нема да може да настапува до крајот на првата и втората фаза на Европското првенство, а евентуално би можел да биде подготвен дури за полуфиналето,  потврдија од Хрватскиот ракометен сојуз.

Ова е сериозен удар за Лино Червар чија репрезентација има големи амбиции на овој шампионат, а сега на голем број важни натпревари остана без својот највлијателен ракометар. Утре Хрватска ќе игра против Исланд, а потоа следува и натпреварот против Шведска во групата во Сплит.

Facebook Коментари