Поврзете се со нас

Европски првенства

Хрватска легенда за судијата Макели: Сонував дека го тепав, а тој вреска…

Објавено

на

Селекцијата на Хрватска остана без победа против Италија во судиското продолжение, а воедно и без нокаут фаза на 17. Европско првенство кое се одржува во Германија.

Хрватите имаа се во свои раце до 98 минута кога „аѕурите“ успеаа да пронајдат начин да израмнат на 1-1 на „Ред Бул Арена“ во Лајпциг. Секако разочарувањето беше големо кај „коцкестите“ со тоа што дел од вината ја побараа кај судијата Дани Макели кој даде огромно судиско продолжение кое на крајот беше искористено од противникот.

Имаше критики од Лука Модриќ, далеку подиректен беше селекторот Златко Далиќ, а свој коментар имаше и некогашниот предводник на националниот тим Игор Штимац.

-Би сакал што побрзо да го заборавиме овој судија. Не му го знам ни името, се разбудив утрово, сонував дека го тепам. Сонував дека вреска и се обидува да се ослободи од моите раце. Бев толку депресивен и тажен поради тоа што ни го направи. Размислував за него доцна во ноќта, но не сакам тоа да ми се случи.

-Верувам дека многу Хрвати имаат таква ноќ. Сепак, мора да се анализираме себеси, каде погрешивме, што не направивме добро. Имавме шанса да не зависиме од таа победа против Италија и оттаму треба да почнеме.

-Уште еднаш им честитам на момците, на селекторот, стручниот штаб, на сите луѓе во федерацијата, бидејќи ваквите резултати се составен дел од работата што ја работиме, а сите оние кои се вклучија во големи критики за време на натпреварот и беа дел од негативна публика која не прави ништо за да и помогне на хрватската репрезентација, нека се запрашаат какви се тие луѓе, -порачал Штимац.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни