Поврзете се со нас

Светски првенства

Хрватска ја сруши жилавата Словенија и обезбеди четвртфинале на СП

Објавено

на

Репрезентацијата на Хрватска е последниот патник во четвртфиналето на 29. Светско ракометно првенство.

Во мечот да се „биде или не“, избраниците на Сигурдсон ја совладаа Словенија со 29:26. Словенците имаа пеколен старт и поведоа со 5-0, но домаќините потоа се разбудија, постепено се враќаа во игра и се изборија за реми од 15:15 по 30 минути игра.

Водени од оваа енергија „коцкестите“ притискаа во вториот дел каде како клучна се покажа серијата од 3-0 при резултат 22:22, поточно се дојде до водство кое потоа не беше испуштено на големо задоволство на публиката во Загреб.

Главаш и Мартиновиќ со по пет гола беа први имиња кај победникот, додека кај поразените Влах исто така постигна пет гола.

На средбата во Осло, Норвешка пак беше подобра од Шведска со 29:24.

Парови за четвртфиналето: Хрватска – Унгарија, Франција – Египет, Данска – Бразил и Португалија Германија.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни