Поврзете се со нас

Свет

Хрватска ја реши Португалија на тестот во Лисабон (ВИДЕО)

Објавено

на

Репрезентацијата на Хрватска славеше над Португалија со 2-1 во последниот подготвителен натпревар пред настапот на Европското првенство.

„Коцкестите“ пред неколку дена ја совладаа Македонија, додека денеска ги надиграа Португалците кои се меѓу топ фаворитите за пехарот на шампионатот.

Меѓутоа избраниците на Далиќ се многу квалитетни, незгодини и тоа го потврдија во Лисабон. Единствениот погодок во првото полувреме беше дело на ветеранот Модриќ во 8 минута.

Членот на Ливерпул, Жота израмни на 1-1 во 48 минута, резултат кој беше активен до 56 кога напаѓачот на Осасуна, Будимир донесе ново водство за гостите кои на крајот се покажа како доволно за голема победа.

Само за потсетување Хрватска е во група со Шпанија, Италија и Албанија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни