Хрватска ја потопи Унгарија за титулата светски шампион во ватерполо

hrvatska1

Хрватската ватерполо репрезентација победи во финалето на Светското првенство и тоа против домаќинот Унгарија со резултат 8:6.

Откако во полуфиналето остварија голема победа над Србија, Хрватите стигнаа до уште еден триумф против голем ривал, а тоа е Унгарија која падна пред своите фанови во Будимпешта.

Хрватите го добија првиот период со високи 4:0, во вториот Унгарија славеше со 2:0, но преостанатите две четвртини завршија со нерешен резултат па „баракудите“ го освоија второто светско злато во својата историја. Најдобар стрелец на оваа средба во победничката репрезентација беше Сукно со 3 гола.

Facebook Коментари