Поврзете се со нас

Светски првенства

Хрватска го разби Исланд и направи голем чекор кон пласман во Топ 8 на СП

Објавено

на

Ракометната репрезентација на Хрватска направи огромен исчекор кон пласман во четвртфиналето на Светското првенство откако вечерва го разби Исланд со 32:26 на соочувањето во Загреб.

Хрватите одиграа најдобро кога беше најпотребно и тоа против селекцијата која беше перфектна на шампионатот до вечерашниот меч. Се функционираше како што треба во тимот на Сигурдсон и сега „коцкестите“ зависат од самите себеси дали ќе се пласираат во Топ 8 фазата на мундијалот затоа што во последното коло ја дочекуваат Словенија и со победа сигурно одат во наредната фаза без разлика на резултатите на Египет и Исланд.

Хрватска на вечерашното соочување одигра пеколно прво полувреме кое го реализираше со 20:12, па во преостанатиот дел имаше максимална контрола на играта и резултатот.

Голмано Кузмановиќ имаше 17 одбрани,  а најефикасни во нападот на „коцкестите“ беа Мартиновиќ со осум и Мараш со пет погодоци.

Норвешка пак во истиот термин беше подобра од Чиле со 39:22, ама оваа победа е залудна затоа што од оваа група Португалија и Бразил веќе обезбедија место во нокаут фазата.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни