Поврзете се со нас

Европски првенства

Хрватска ги загуби теоретските шанси, Модриќ и соиграчите се елиминирани од ЕП

Објавено

на

Foto:x.com/Azzurri_En

Хрватската фудбалска репрезентација си го прокоцка местото во осминафиналето на ЕП со примениот гол во 98. минута на дуелот со Италија, а вечерва тоа стана официјално по расплетот во групата Ц.

Хрватите имаа само теоретски шанси и тоа со победа на Англија над Словенија со три гола разлика, односно победа на Данска над Србија, а постигнатите резултати (0:0) на двете средби покажаа колку било нереално ова сценарио.

Натпреварите завршија без постигнат гол, а иако Хрватска го освои третото место во својата група, нема да биде меѓу најдобро пласираните четири селекции кои биле на третото место во својата група.

„Коцкестите“ досега не биле елиминирани во групната фаза во ваков формат на ЕП (со 24 репрезентации), а последен пат не ја поминале групата во 2012 година (но тогаш со 16 учесници).

Во групната фаза Лука Модриќ и неговите колеги освоија два бода со гол разлика -3.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни