Хрватска футсал ѕвезда почина откако колабираше за време на натпревар

mate-culjak

Мате Чуљак важеше за еден од најпознатите футсал играчи во Хрватска, а вечерва почина во болницата во Вараждин каде докторите не успеале да му го спасат животот.

Чуљак е основач на клубот Футсал Динамо и едно од најпознатите имиња на футсал сцената во Хрватска изминатите децении, а вечерва му се слошило додека настапувал за својата екипа на турнир во Вараждин.

Итно бил пренесен во најблиската болница, но медиумите набрзо пренесоа дека починал, информација која ја шокираше хрватската спортска јавност.

Facebook Коментари