Поврзете се со нас

Европски првенства

Хрватска е најдобро рангирана селекција која го заврши ЕП

Објавено

на

Хрватска не успеа да ја мине „групата на смртта“ иако лесно можеше тоа да го направи ако се земе предвид дека на две средби против Албанија и Италија прими голови во судиското продолжение, поточно остана без победи кои дефинитивно беше пресудно толку рано да го заврши настапот во Германија.

Токму „коцкестите“ се најголемо разочарување на ЕП според еден податок, пласманот на ФИФА ранг листата, поточно тие се најдобро рангираната селекција која нема да игра нокаут фаза.

Тие дојдоа во Германија како деветта репрезентација на светот, но тој пласман не им помогна многу и сиурно ќе забележат пад на листата.

Потоа следи Украина која беше 24, а другите држави кои се елиминирани се Полска (26), Унгарија (27), Србија (32), Чешка (34), Шкотска (39) и Албанија (66).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни