Поврзете се со нас

Македонија

Хрватот останува во Битола: Пелистер го „врза“ Бабиќ до 2024 година

Објавено

на

Македонскиот ракометен прволигаш Еурофарм Пелистер потпиша нов договор со хрватскиот стручњак Жељко Бабиќ.

Клубот од Битола верува дека Бабиќ е вистинскиот човек за амбициозниот проект, односно дека може да го однесе тимот на повисоко ниво, па затоа беше договорена подолгорочна соработка до 2024 година.

Бабиќ од 2020 година ги води „фармацевтите“, меѓутоа немаше многу простор за докажување со оглед на пандемијата со коронавирусот и проблемите што ги прави КОВИД-19. Досега тој има работено во Балиќ-Метлиќиќ, Метковиќ, Кршко, Сплит, Горење Велење, Мешков Брест, а беше и селектор на хрватската ракометна репрезентација.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни