Германија
Хрватот мораше да дава одговори: Бјелица го објасни инцидентот со Сане (Видео)
Баерн Минхен го одигра заостанатиот натпревар од 13-то коло и едвај победи против Унион Берлин, со што само покажа дека тимот на Томас Тухел не е во посакуван ритам на стартот на вториот дел од сезоната.
Наместо да ја намали негативата, Баерн сега има четири бода помалку поради киксот со Вердер Бремен, па беше јасно деак против Унион Берлин ќе мора да победи по секоја цена.
Домашниот тим успеа во тоа благодарение на голот на Гереиро, но главна вест од мечот беше клинчот кој го имаа Лерон Сане и Ненад Бјелица.
Хрватскиот стручњак ги загуби нервите откако Сане замавна во обид да ја добие топката од неговите раце, по што тренерот на Унион Берлин му зададе уадр на играчот на Баерн во лице.
Поради ова однесување, Бјелица заработи директен црвен картон, а по мечот мораше да дава и објаснување за својот потег.
– Сане ме турна и ме испровоцира додека бев во тренерската сезона и изреагирав нервозно. Тоа беше неприфатливо, но се уште бев под импресии за пеналот кој не ни беше досуден.
– Не се сретнав со него и не планирам да зборувам со него. Тоа се емоции кои се случуваат за време на мечот, не сум горд на тоа што го направив и се извинувам. Направив грешка и се извинувам, ако можам да се вратам, би го променил тоа, но вакви работи се случуваат во фудбалот, – изјави Бјелица.
Nenad Bjelica talks about the incident with Leroy Sané [🎥 @archiert1]pic.twitter.com/WpWOKE1qK6
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) January 24, 2024
-
Балкан22 часа
Рино-шоу во Хрватска: Шутираше топки кон „Торцида“ и режираше незаборавни сцени на „Пољуд“
-
Англија13 часа
Слот: Не ми е жал за Гвардиола
-
Италија23 часа
Балкански шок за Мота: Крстовиќ и Ребиќ му одземаа два бода на Јувентус во 93. минута (Видео)
-
Англија22 часа
Гвардиола ја објасни својата „војна“ со навивачите на „Енфилд“: Не го очекував ова од нив (Видео)
-
Англија24 часа
Салах ја прекина еуфоријата во Ливерпул: Најверојатно го одиграв последниот натпревар против Сити
-
Англија23 часа
Аморим му се заблагодари на Ван Нистелрој за „експлозијата“ кај еден играч на Јунајтед: Има мал раст, но голем талент
-
Формула 122 часа
Ферстапен директно нападна еден голем ривал во Формула 1: Не можам да го поднесам
-
Италија11 часа
Одлични вести од Италија: Лекарите го екстубирале Бове, фудбалерот почнал да одговара на првите прашања