Поврзете се со нас

Македонија

Хрватот Кушан потпиша за Еурофарм Пелистер

Објавено

на

Тимот на Еурофарм Пелистер обезбеди уште едно ново засилување за следната натпреварувачка сезона-тоа е хрватскиот интернационалец Томислав Кушан.

Се работи за играч кој е роден во Загреб, а во Битола доаѓа од Шпанија од таборот на Ла Риоха. Кушан е висок 201 сантиметар и тежок 107 килограми и дефинитивно ќе биде значаен дел од играта на фармацевтите како во одбраната така и во нападот со оглед на тоа што ја покрива позицијата кружен напаѓач.

-Драго ми е што станав дел од клубот. Со нетрпение чекам да започне борбата за трофеи, -порача Кушан.

Во Пелистер досега освен Кушан пристигнаа Танкоски, Кукуловски, Мандалиниќ, Мараш и Периќ.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни