Поврзете се со нас

АТП

Хрватот кој ќе го предизвика Ѓоковиќ во осминафиналето: Новак е најдобриот човек во тенисот

Објавено

на

Foto:www.usopen.org

Новак Ѓоковиќ имаше тешка пресметка со сонародникот Ласло Ѓере во третата рунда и мораше да се враќа од два сета негатива, но откако го направи тоа, веднаш знаеше кој ќе биде негов следен противник.

Борна Гојо го победи Весели со сигурни 3:0 и за првпат во својата кариера си обезбеди втора недела на еден грен-слем турнир, но во понеделник наутро ќе го има најтешкиот можен тест.

Гојо и Ѓоковиќ ќе ги одмерат силите утре во еден часот по полноќ, а пред балканската пресметка на Артур Еш стадионот на Ју-Ес Опен, Борна откри какво мислење има за својот ривал.

– Му се воодушевувам на Ѓоковиќ, имам огромен респект кон него за се што оствари во кариерата. Тој е најдбориот човек во тенисот и за мене тоа е најважно. Има посебна тежина што прави нешто толку големо за играч кој доаѓа од нашите простори. Ние од Хрватска, Србија и Босна не сме Австралијци, Американци и Французи, ние немаме поддршка од своите Федерации. Затоа посебно го почитувам неговиот успех, тој е најдобриот во историјата и нема никаков сомнеж околу тоа.

– Новак е голем фаворит против мене, имам доста трема, но сите играчи кои играат против мене влегуваат како фаворити. Очекувам екстремно тежок меч и тежок предизвик за мене. Очекувам нешто ново во кариерата. Првпат сум во втора недела на грен слем и се надевам дека ќе понудам добар тенис, – изјави Борна Гојо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни