Хрватите приредија специјален „поздрав“ за српската химна во Сплит (Видео)

hrvati-himna

Регионалното дерби меѓу Хрватска и Србија секако се најде во прв план на отворањето на Европското првенство, а најдобар доказ за тоа каков негативен набој на емоции има на трибните добивме уште пред почетокот на мечот, кога Хрватите во преполната сала во Сплит ја исвиркаа химната на противникот.

Бон-тон во сите спортови е да се даде максимален почит на химната, но тоа изостана во дадената ситуација и химната на Србите практично воопшто и не се слушаше од громогласните свирежи кои пристигнаа од трибината…

Facebook Коментари