Поврзете се со нас

Европски првенства

Хрватите прекинаа серија на Шпанија која траеше речиси десет години

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/SEFutbol

Шпанската фудбалска репрезентација го потврди својот потенцијал со убедлива победа од 3:0 против Хрватска на стартот на ЕП, а фудбалските фанови можеа да видат малку поинаков стил на игра во однос на некои претходни генерации на „црвената фурија“.

Шпанците функционираа одлично на теренот и заслужено ги освоија бодовите, но на оваа средба дозволија противникот да прекине и една серија која траеше 112 натпревари.

Хрватска го заврши натпреварот со посед на топката од 56 проценти во своја корист, а Шпанија не дозволила противникот да има поголем посед уште од 2014 година.

Последен пат такво нешто се случило во поразот од Германија на пријателски натпревар со 1:0 на 18. ноември, 2014 година.

Ако се сметаат само официјалните дуели со натпреварувачки карактер, Шпанија имала помал посед во финалето на ЕП во 2008 година, исто така против Германија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни