Поврзете се со нас

Свет

Хрватите преговараат со најплатениот тренер во светот

Објавено

на

Foto:twitter.com/HRS

Хрватската ракометна репрезентација не се прослави на последното Европско првенство, а тоа донесе и крај на соработката со селекторот Горан Перковац.

Една од репрезентациите кои влегуваат на сите турнири со големи амбиции е во потрага по нов селектор, а „Индекс“ тврди дека Хрватскиот ракометен сојуз веќе преговара со Дагур Сигурдсон.

Исландскиот стручњак за рекордна плата ја води репрезентацијата на Јапонија, со која има договор до крајот на претстојните Олимписки игри, но сега бара решение како веднаш би ја преземал Хрватска.

50-годишниот Сигурдсон би требало да ги води Хрватите на квалификацискиот турнир за ЛОИ во Париз, а таму тие се во група со Германија, Австрија и Алжир.

Сигурдсон претходно ја водеше Германија меѓу 2014 и 2017 година и ја одведе оваа селекција до европско злато и олимписка бронза, а ако биде потврден ќе стане прв странски стручњак на клупата на Хрватска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни