Поврзете се со нас

Ватерполо

Хрватите почнаа да ги монтираат базените во салата „Спаладиум“ во Сплит

Објавено

на

Фото: hvs.hr

Хрватската ватерполо федерација денеска официјално го најави почетокот на активностите околу монтирање на предвидените базени во салата „Спаладиум“ во Сплит.

Хрватите се домаќините на Европското ватерполо првенство во машка и женска конкуренција, а за таа цел ќе бидат вметнати два базена во познатата арена.

Централниот базен на кој ќе се играат натпреварите ќе биде долг 36 и долг 25 метри, со вкупен волумен од 1.980 литри вода.

Помалиот базен за загревање ќе располага со двојно помал волумен, но соодветна длабочина од 2,2 метри.

Европското првенство ќе се одржи меѓу 27 август и 10 септември.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни