Хрватите открија дали „протераниот“ Калиниќ ќе добие медал од СП

kalinic

Хрватскиот селектор Златко Далиќ влезе во историјата на својата земја како селектор кој го обезбедил најголемиот успех во историјата, но почетокот на СП во Русија за него донесе и еден проблематичен момент.

Уште по првиот натпревар, Далиќ го исфрли од националниот тим Никола Калиниќ, кој по ваквата одлука ја напушти репрезентацијата и се врати во Хрватска. Откако неговите колеги ги обезбедија сребрените медали со освојување на второто место, на навивачите не им беше јасно дали Калиниќ ќе добие медал бидејќи тој сепак остана дел од официјалниот список на Хрватите.

Денеска, Томислав Пацак, портпаролот на Хрватскиот фудбалски сојуз ја расчисти оваа дилема.

– Зборот протеран е малку пресилен, но тој со одлука на селекторот е отстранет од националниот тим, што подоцна се покажа како вистински потег. Што се однесува до медалот, од она што јас знам, со одлука на фудбалерите и стручниот штаб, Калиниќ ќе си го добие својот медал, – открил Пацак.

Facebook Коментари