Балкан
Хрватите најавија сензационална „Ред Бул“ инвестиција која треба да го исплаши Динамо, пристигна и официјален став од Славонија
Динамо доминира во хрватскиот фудбал во изминатите две децении и ретко наидува на препреки во домашното првенство, па токму поради тоа, големо внимание во јавноста предизвикаа шпекулациите кои се појавија за голема инвестиција во фудбалскиот клуб Осијек.
Хрватскиот неделник „7дневно“ излезе со својата ексклузива дека унгарските газди во Осијек се подготвуваат за голема продажба на клубот, но веста беше уште посензационална бидејќи во истата се пренесе дека зад целиот план на купопродажба стои познатата спортска групација Ред Бул.
После успесите во мото-спортот, Ред Бул изминативе години донесе големи резултати и во Лајпциг, Салцбург, Њујорк и Брагантино, па поради добриот глас кои го бие австрискиот гигант во јавноста, гласините за преземање на Осијек предизвикаа и одреден страв кај верните симпатизери на Динамо.
Познатиот клуб од Славонија има ужасен старт на новата натпреварувачка сезона и продаде дел од своите најдобри играчи во текот на летниот преоден рок, но и покрај сите најави кои водат кон продажба на клубот, водечките луѓе излегоа со демант на информацијата која стана многу популарна во Хрватска.
– Видовме што се пишува во медиумите и би било несериозно да кажеме дека не го следиме тоа како клуб. Од перспектива на клубот, сметаме дека е смешно да ги коментираме гласините за продажба на Осијек.
– Наводната продажба на Ред Бул е смешна. Според информациите кои јас ги имам како директор, продажбата на Осијек никогаш не била тема на разговор, ниту пристигнала било каква понуда за купување на клубот. Нашиот главен спонзор е задоволен како се одвиваат работите во клубот и добиваме поддршка за работата, – изјавил Владимир Чохар во интервјуто за „Глас Славоније“.
-
Шпанија19 часа
Мерино за талентираниот Јамал: Ова е фудбал, има…
-
Англија22 часа
Сити добива нов директор: Поранешен португалски репрезентативец ќе го убедува Гвардиола да остане на „Итихад“
-
Евролига6 часа
Тринкиери: Везенков треба само да го погледне судијата и добива две слободни фрлања
-
Свет22 часа
Маскерано: Ако Меси беше дефанзивец…
-
Македонија20 часа
Алкалоид со нова „40-ка“ до „седум од седум“ во Суперлигата
-
АТП23 часа
Ѓоковиќ и Федерер имаа блиска средба во Шангај: Кај си стари? (ВИДЕО)
-
Италија18 часа
Леонардо посочи кои два клуба се во најдобра позиција за титулата во Серија А
-
Италија7 часа
Пато открива тепачка од тренинг центарот: Најмирниот играч на Милан го преврте Ибра како мало дете