Поврзете се со нас

Светски првенства

Хрватите ќе се обидат да ја шокираат Данска на денот на кој станаа светски шампиони во 2003 година

Објавено

на

Хрватска и Данска ќе ја спуштат завесата на ракометното Светско првенство, па вечерва во Осло ќе се соочат во битката за првото место, односно златните медали на овој престижен турнир.

Скандинавците влегуваат како фаворити, па и со помалку или повеќе арогантни изјави во однос на споредбата со квалитетите на ривалот, но Хрватска не беше фаворит и против Франција, а на крајот го шокираше составот на Гијом Жил.

Хрватите пристигнаа во снежното Осло за на скандинавски терен да го совладаат силниот дански состав, а селекторот Дагур Сигурдсон оди со очекуван состав, во кој последен настап за националниот тим ќе имаат Домагој Дувњак и Игор Карачиќ.

Данците исто така немаа дополнителни проблеми со составот, а нивниот противник ќе се обиде да дојде до второто светско злато на денот на кој го освои првото во 2003 година. Во тоа финале, Хрватите ја победија Германија со 34:31.

Судии на натпреварот ќе бидат Шпанците Гарсија и Лоренте.

Натпреварот започнува од 18 часот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни