Поврзете се со нас

Светски првенства

Хрватите добија втор удар за два дена: СП заврши за Лука Циндриќ

Објавено

на

Хрватската ракометна репрезентација доби уште една лоша вест во пресрет на третиот настап на Светското првенство, а истата вели дека мундијалот завршил и за искусниот Лука Циндриќ.

Еден ден откако стана јасно дека Домагој Дувњак има незгодна повреда и тешко ќе се врати во ростерот до крајот на турнирот, Хрватите објавија дека слична судбина доживеал и Циндриќ.

Вчера на хрватскиот состав му се приклучи Игор Карачиќ и се претпоставуваше дека селекторот Дагур Сигурдсон го повикал како замена за Дувњак, но до ИХФ е испратена информација дека Карачиќ е официјална замена за Циндриќ.

Иако, Хрватскиот ракометен сојуз досега не потврдил каков проблем има Циндриќ, беше јасно дека тој не е целосно подготвен за СП, пропушти најголем дел од подготовките, а заработил и незгоден удар на средбата со Аргентина.

Според медиумите, турнирот е завршен за Циндриќ, додека Дувњак останува меѓу пријавените за настап и Хрватите се надеваат дека ќе дочекаат негов камбек на овој шампионат.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни