Хрват и Србин прегрнати ја најавија големата соседска пресметка во Сплит (ФОТО)

ppd

Денеска започнува европскиот ракометен шампионат во Хрватска со тоа што веќе на самиот старт имаме неколку интересни пресметки како Шведска-Исланд и Франција-Норвешка, меѓутоа во центарот на вниманието е секако битката меѓу домаќинот и Србија.

Добро знаеме какво е ривалството меѓу овие две држави и какви пресметка носат сите дуели без разлика за кој спорт станува збор. Меѓутоа пред оваа средба една моќна порака испратија два асови од двете страни, клупските соиграчи од ППД Загреб, Златко Хорват и Добривоје Марковиќ кои се сликаа прегрнати јасно алудирајќи оти спортот е повеќе од политика.

Ова е само уште еден добар гест и најава дека се треба да мине во спортска атмосфера, а тоа јасно го посочи и бекот на Вардар, Игор Карачиќ кој дури и најави дека тие ќе застанат и ќе ги бранат Србите со нивните тела во случај да се случи некој непосакуван инцидент.

Facebook Коментари