Поврзете се со нас

Свет

Хрват режираше старт за во затвор во Португалија, играчот на Бенфика имаше многу среќа (Видео)

Објавено

на

Бенфика не успеа да слави на гостувањето кај Виторија Гимараеш во натпревар кој се играше во навистина тешки услови поради влажниот терен, или поточно, се спаси од пораз во самата завршница од мечот.

Лидерот на табелата повеќе нема предност пред Спортинг и двата ривали од Лисабон сега се израмнети на табелата, па јасно е дека до крајот на сезоната ќе има возбудлива трка за титулата.

Бенфика вчера се спаси и израмни на 2:2 преку Кабрал во 90-та минута, но тоа го направи бидејќи имаше играч повеќе на теренот.

Гостите го одиграа последниот половина час со човек повеќе на теренот, а причина за тоа беше лудачкиот старт на Тони Боревковиќ.

Хрватскиот дефанзивец остро стартуваше над Флорентино и го покоси во буквална смисла на зборот, по што играчот на Бенфика беше среќен што мина без скршеница и посериозна повреда.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни