Англија
Хрват ќе го води „фенерџијата“ во Премиер лигата
Најслабиот тим во оваа сезона во Премиер лигата, Саутемптон и официјално има нов менаџер, наследник на Расел Мартин кој беше отпуштен минатата седмица по тешкиот пораз од Тотенхем.
Нов предводник на „светците“ е 49-годишниот хрватски стручњак Иван Јуриќ кој доби 18-месечен договор. Ова за Иван е прво искуство надвор од Италија, поточно досега функционираше само на Апенините каде водеше повеќе клубови меѓу кои и Рома од која доби отказ во ноември по само 12 натпревари.
-Јас сум многу задоволен. Мислам дека ова е навистина голем предизвик, но јас сум многу оптимист бидејќи видов тим кој може да биде подобар.
-Важно е веднаш да се поврзете со навивачите. Сакам агресивен тим и мислам дека тоа ќе им се допадне на навивачите на Саутемптон, -порача Јуриќ кој има работено уште во Мантова, Џенова, Кротоне, Верона и Торино.
-
Светски првенства20 часа
Австрискиот селектор Пајовиќ пред дуелот со Македонија: Имам добро чувство
-
Светски првенства19 часа
Одработен завршниот тренинг пред Австрија: Лазаров ги пренесе идеите, ракометарите треба да ги спроведат на дело (Фото)
-
Англија19 часа
Историски трансфер: Гвардиола доби нов стопер вреден 50 милиони евра (Фото)
-
Англија21 час
Аморим откри каква кратка порака добил од Фергусон при средбата на теренот
-
Шпанија22 часа
Симеоне „ископа“ изјава на Анчелоти во која Италијанецот зборува за судиски одлуки во корист на Реал (Видео)
-
Свет21 час
Ривалдо му одговори на Нејмар: Никој не можеше да игра на мое место (Фото)
-
Светски првенства7 часа
ИХФ треба да измисли фер-плеј награда за Де Варгас: Шпанскиот голман воодушеви со својот потег на СП (Видео)
-
Шпанија20 часа
Угледно шпанско радио: Анчелоти става крај на етапата во Реал