Поврзете се со нас

Македонија

Христов: Работнички мора да игра многу подобро

Објавено

на

Екипата на Работнички не успеа да оствари позитивен резултат на вчерашниот меч против Струга Трим Лум во 14.коло од Првата фудбалска лига.

Клубот од Дебар Маало загуби со 1-0 и со тоа тренерот Борче Христов без позитивен резултат на дебито на новата функција. Христов не беше задоволен од она што неговите момци го прикажаа на теренот, односно смета дека екипата во целост може да биде на далеку повисоко ниво.

-Не сум задоволен од изданието на Работнички. Ќе мора да работиме напорно затоа што во моите замисли Работнички треба да биде сосема поинаков тим. Фудбалерите кои ќе истрчаат на теренот ќе мора да ја бараат победата, во првенствените битки бодовите се најважни. Не велам дека немаше залагање, но ефектот на теренот од сите фудбалери, а посебно од тимот во целина, едноставно мора да биде многу поголем, -порача Христов за клупскиот сајт.

По 14 одиграни кола, Работнички се наоѓа на осмата позиција на табелата со 18 освоени бода, а во следното коло му гостува на Тиквеш во Кавадарци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни