Поврзете се со нас

Македонија

Христов претставен како нов тренер на Работнички

Објавено

на

Фудбалскиот клуб Работнички денеска го претстави Борче Христов како нов тренер на сениорската екипа.

Христов ќе го наследи Александар Влахо, а со „романтичарите“ потпишал договор до јануари 2023 година.

– Му посакуваме топло добредојде на Борче Христов на тренерската функција. Веруваме дека со неговото долгогодишно искуство ќе воведе новитети во работата со тимот и Работнички ќе се движи во позитивна насока. Сите заедно сме ќе бидеме во функција на светла иднина на клубот, изјави спортскиот директор Горан Станковски за официјалната интернет страница на Работнички.

– Сакам да се заблагодарам за довербата на раководството на клубот. Работнички е голем предизвик за мене, можам да ветам напорна работа. Тимот поседува голем потенцијал, млади и талентирани фудбалери и ќе се потрудиме да го развиваме во вистинска насока, истакнал новиот шеф на стручниот штаб, Борче Христов.

Претходникот Влахо поднесе оставка поради лошата резултатска серија, а Работнички во моментов е на седмото место во македонската фудбалска лига, со 11 бодови помалку од лидерот Шкупи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни