Поврзете се со нас

Германија

Храдецки шоу: Голманот на Леверкузен го постигна најбизарниот автогол сезонава (Видео)

Објавено

на

Баер Леверкузен денеска ги освои бодовите на гостувањето кај Арминија, но победата беше обезбедена со гол постигнат дури во 88. минута.

Гостите можеа полесно да стигнат до целта откако од првиот дел имаа водство со голот на Бејли, но голманот Храдецки ги искомплицира работите на мајсторски начин.

Финскиот голман требаше рутински да уфрли во игра една топка, но неговиот удар се претвори во неверојатно комичен автогол, веројатно најбизарниот постигнат сезонава во најелитните европски лиги.

Драговиќ со голот во финишот го неутрализираше киксот на својот голман, но нема да го спаси и од сеирот на социјалните мрежи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни