Поврзете се со нас

Светски првенства

Храбро издание и нецелосна награда: Македонија испушти победа, но може да биде горда на прикажаната игра

Објавено

на

Македонската ракометна репрезентација ги надмина очекувањата на стартот на 29-то Светско ракометно првенство, а прикажаната игра во Вардаждин покажа дека селекцијата на Кире Лазаров има направено огромен прогрес во последно време.

Македонските ракометари изгледаа разиграно, полетно и бестрашно во дуелот со фаворизираните Унгарци, па на крајот дефинитивно треба и да жалиме што не остваривме победа во драматичната завршница.

Нашиот национален тим се избори за предност од 27:26 по „бомбата“ која заврши во десетти гол на капитенот Кузмановски, а откако следеше брилијантна одбрана на Митревски во следниот напад, Македонија доби шанса да го реши натпреварот на 35 секунди пред крајот.

Иако селекторот Лазаров нацрта победничка акција, нашите ракометари не успеаја да се снајдат и им беше досуден пасивен напад, по што Унгарците во завршните секунди успеаја да израмнат на 27:27 и да избегнат пораз.

Во последните моменти, Македонија имаше неколку секунди да организира втор напад за победа, но истиот заврши со одбрана Палашич по ударот на Митев.

Кузмановски беше вистински лидер со 10 постигнати погодоци, три постигна Митев, додека во противничкиот табор се истакнаа Илиќ со шест и Лекаи со четири погодоци. Следен предизвик за македонските ракометари е селекцијата на Холандија со која играме веќе во петок.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни