Поврзете се со нас

Лига Европа

Храбриот Олимпијакос доживеа ВАР шок во Англија (Видео)

Објавено

на

Олимпијакос не доби награда за својата храбра игра на денешното гостување во Англија, а голема заслуга за тоа има и ВАР системот кој му поништи еден навистина сомнителен погодок на гостинскиот состав од Пиреја.

Вулверхемптон на крајот се пласираше во четвртфиналето во Лига Европа и си закажа дуел со Севилја на завршнииот турнир, такашто како пресуден се покажа голот на Раул Хименез од пенал уште во раната фаза на натпреварот.

Напаѓачот на „волците“ погоди од белата точка во 9-та минута, момент кој се покажа како клучен за пласманот на англискиот состав меѓу најдобрите осум во Лига Европа.

Таму нема да го гледаме храбриот Олимпијакос, чии играчи и стручен штаб беа во неверица во 29-та минута кога му беше поништен голот на Камара.

Во дадената ситуација, беше проценето дека има милиметарски офсајд со рамото од страна на Ел Араби, па иако тоа не можеше да се забележи од прикажаната прва снимка, ВАР системот ги шокираше гостите од Грција и со геометриско мерење докажување дека има недозовлена позиција.

На крајот голот не важеше, а Олимпијакос до крајот не искористи уште две добри шанси за израмнување кое ќе го однесеше мечот во дополнителни 30 минути игра, па така Вулверхемптон направи да има голема важност раниот погодок на Хименез.

НА вториот вечер натпревар, Базел го победи Ајнтрахт Франкфурт со 1:0 и само го потврди пласманот во четвртфиналето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни