Поврзете се со нас

Англија

Храбриот Лутон падна во 97. минута, Рајс е херојот на Арсенал (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: twitter.com/Arsenal

Екипата на Арсенал издвојува драматичен триумф над аутсајдерот Лутон од 4-3 во втората средба од 15. коло во Премиер лигата.

Малиот Лутон одигра храбро, борбено, против големиот фаворит, се враќаше двапати од негатива, успеа дури и да поведе, ама на крајот остана со празни раце и тоа благодарение на англискиот репрезентативец Рајс кој ги матираше во 97 минута.

Гол шоуто беше најавено со погодокот на Мартинели во 20 минута, предност која кратко траеше затоа што Ошо во 25 израмни на 1-1. „Топчиите“ одново одговорија и во завршницата на првиот дел дојдоа до 2-1 со голот на Жезус со што со плус еден заминаа на пауза.

Домаќините не се предадоа и по одморот, поточно во периодот од 49 до 57 минута се изборија за целосен пресврт преку Адебајо и Баркли. Арсенал се врати од овој удар со голот на Хаверц во 60 минута, меѓутоа потоа имаше проблем да дојде до четврта реализација на овојј дуел се до последните моменти кога Рајс со глава донесе огромно славје.

Арсенал има четири победи во низа и со 36 бода е на првото место на табелата. Во првата денешна средба „волчица“ беа подобри од Барнли со 1-0.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни