Поврзете се со нас

Олимписки игри

Храбрата Србија не го издржа налетот на Американците и остана без финале на ОИ (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/FIBA

Соединетите Американски Држави се селекцијата која ќе и се спротистават на Франција во големото финале на кошаркарскиот турнир на Летните Олимписки Игри.

САД со многу мака, труд и пот успеа на крајот да го оправда статусот на фаворит во соочувањето со Србија кое го доби со 95:91. Американците беа надиграни три четвртини, меѓутоа во завршниот период тргнаа во налет, одиграа како што посакуваа на двете страни на теренот и со 32:15 комплетно го свртија резултатот и обезбедија борба за златото во Париз.

Избраниците на Пешиќ дефинитивно можат да жалат што не се во големото финале бидејќи одиграа страшен меч против фаворизираниот противник, тим од кого убедливо загубија двапати во претходните 20-25 дена.

Меѓутоа не можеа да го зададат завршниот удар, па против Германија ќе се обидат да дојдат до утешната награда-бронзениот медал.

Кари имаше шоу со 36 поени, Џејмс запиша трипл-дабл од 16 поени, 12 скока и 10 асистенции, додека Ембид уфрли 19 кошеви.

Богдановиќ уфрли 20 за Србија, Јокиќ на 17 кошеви додаде 11 асистенции.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни